Вечер во Минхен ќе суди арбитер кој им носи среќа и на Баерн и на Реал

Клеман Турпан од Франција е еден од најпознатите европски судии на кои УЕФА често им доделува важни натпревари за судење, а тој вечерва ќе дели правда и на „Алијанц арената“, каде што ќе се судрат европските џинови Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Турпан е судија кој досега им носел среќа и на Баварците и на Кралскиот клуб. На Баерн му судел осумпати и скорот на тимот е пет победи и три нерешени. На два од тие осум меча, Баерн давал по 7 гола.

Со овој 41-годишен судија на теренот, Реал секогаш победувал. Тоа се шест меча, од кои едниот е финалето на Лигата на шампионите во 2022 против Ливерпул. Сезонава Турпан му судеше на Реал во групната фаза, кога победи со 3-2 на гостувањето кај Наполи.

- Оглас -

Најнови вести