ФИФА жестоко го казни Челзи !

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го казни Челзи со забрана на доведување играчи во следните два преодни рока. Оваа жестока казна на ФИФА е поради нелегалното потпишување договори со млади фудбалери. Одлуката на ФИФА значи дека Челзи нема да може да купува играчи во летниот преоден рок, но и следниот зимски преоден рок.

Прв момент кога ќе може да купат нов играч е летото 2020 година. Тоа значи дека доведувањето на Гонзало Игуаин во јануари ќе биде последно големо засилување за лондончани во наредниве година и пол. Ова значи дека Челзи сега дури нема да сака да го продаде Еден Азар, бидејќи ако останат без нивниот најдобар играч, нема да може да доведат соодветна замена.

Освен забраната за купување играчи, Челзи ќе мора да плати и 460.000 фунти.

Ваквите казни на ФИФА не се непознати и во минатото. Барселона и Атлетико Мадрид „прележаа“ иста казна поради нелегалното потпишување договори со млади фудбалери, а Челзи имаше забрана за купување играчи во сезоната 2008/09.

 

 

- Оглас -

Најнови вести