Горан Донески од Охрид е победник во промотивната кампања на Sport Life, „Кој е твојот среќен тип?“, и освои 777.000 денари.
За учество во оваа игра, потребно беше да се има добитен несистемски тикет со минимум шест парови со квота 1.50 или поголема, но требаше и кај сите парови да има ист тип. Уплатата мораше да биде со СЛ клуб картичка.
Победи тој играч со најмногу погодени парови, во случајот охриѓанецот Горан. Среќниот тип му беше минус поени во втора четвртина од кошаркарски натпревари играни на разни страни во светот.
Горан се определи да уплати тикет со дури 13 кошаркарски мечеви и на сите играл на минус поени во втора четвртина. Неефикасните втори четвртини на 13-те меча му донесоа победа во генералниот пласман со погодена квота од 2018.78.
Подароци има и на второпласираниот (30.000 денари) и третопласираниот (10.000 денари) од генералниот пласман, а најдобрите од секоја од шесте етапи, добиваат по 7 ваучери со вредност од по 500 денари.