Пари Сен Жермен доколку сака добар резултат на вечерашното гостување кај Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите, ќе мора да постигне барем еден гол, покажуваат статистичките показатели.
Нападот е многу подобар од одбраната на ПСЖ, а тоа се виде и во четвртфиналето против Барселона, па и во осминафиналето против Реал Сосиедад.
Францускиот првак има црна серија од дури 18 гостувања по ред во ЛШ на кои прима барем по еден гол. Голманот Џиџи Донарума кој никогаш не ја оставил сува својата мрежа во ЛШ, и вечерва ќе биде на мака.
Последен меч на кој ПСЖ не прими гол на гостински терен во ЛШ, беше на 28-ми октомври 2020 година против Истанбул Башакшехир, со Кејлор Навас на голот.