Денеска во околината на Белград, почна со изградба српскиот национален стадион, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека е договорено со првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, на овој стадион во 2028 година ќе се игра финалето на Лига Европа.
Стадионот е во близина на белградскиот аеродром. Засега не се знае како ќе биде името на стадионот кој ќе има капацитет од 52.000 седишта, најавата е дека народот ќе одлучи за името. Стадионот треба да биде готов до 1 декември 2026 година.
Освен стадион, во овој дел од Сурчин ќе биде и новиот белградски саем, ќе има акватик центар, како и резиденцијален комплекс со 1.500 станови.