Вардар победи во Штип, но победија и Воска и Работнички, а три екипи ќе се борат за титулата

Фудбалерите на Вардар славеа со 3:0 на гостувањето кај Брегалница Штип и ја продолжуваат битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

На три кола до крајот на сезоната, Вардар има 32 бода и се наоѓа на десеттата позиција на табелата која води во баражот за опстанок. На безбедната зона, веднаш над Црвено-црните се наоѓаа Воска спорт и Брера Струмица  кои имаат по 37 бода.

Резултатотво Штип беше отворен со голот на Шушњара во осмата минута, а во вториот дел Црвено-црните постигнаа уште два гола. Прво во 84-тата минута беше заверена третата победа на Вардар на гости сезонава, а во судиското продолжение Ристовски го постави конечниот резултат.

Работнички со гол во судиското продолжение го совлада Силекс во Кратово и освои важни бодови во битката за опстанок. Победа на гости оствари и Воска спорт и тоа од 2:0 против Македонија ЃП.

Суперинтересно е и во битката за титулата бидејќи Шкендија ги искористи поразите на Струга ТЛ и на Шкупи и со победата од 3:2 над Брера Струмица, благодарение на голот на Аганспахиќ во 94-тата минута, се искачи на лидерската позиција.

По 30-тото коло, Шкендија, Струга ТЛ и Шкупи имаат по 30 бодови.

Струга ТЛ загуби со 3:2 на гостувањето кај Тиквеш кој голот за триумф го даде во 94-тата минута преку Луис Силва, додека Шкупи е поразен со 2:0 во Гостивар.

Резултати:
Брегалница – Вардар 0:3
Гостивар – Шкупи 2:0
Македонија ЃП – Воска спорт 0:2
Шкендија – Брера Струмица 3:2
Силекс – Работнички 0:1
Тиквеш – Струга 3:2

Табела: Шкендија 58, Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, Брера Струмица 37, Воска спорт 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

- Оглас -

Најнови вести