Борусија Дортмунд води со 1:0 против Пари Сен Жермен по првото полувреме во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони. Милионерите од Дортмунд одиграа одлично и постојано имаа контрола на играта, недозволувајќи му на фаворизираниот противник во ниту еден момент сериозно да го загрози голот на Кобел.
ПСЖ во првиот дел не упати ниту еден директен удар во рамките на голот на Борусија Дортмунд, додека Милионерите иако помалку ја имаа топката во свој посед, шутираа дури три пати во рамките на голот на Донарума, а еднаш се израдуваа.
Никлас Филкруг максимално ја искористи одличната асистенција на Шлотербек и откако напаѓачот се најде сам пред голот на гостите, биеше силно и неодбранливо за Донарума.