Реал Мадрид славеше на гостувањето во Виторија против Басконија со 102:98 и тоа беше доволно да ја комплетира четвртфиналната серија од Евролигата. Со 3:0 во победи Кралскиот клуб си обезбеди место на фајнл-фор завршницата каде и ќе го брани европскиот трон.
Sergio Llull from downtown and it’s a 13-0 run for the ⚪️⚪️@RMBaloncesto I #EveryGameMatters pic.twitter.com/uM4vsUV2Lp
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 1, 2024
Басконија во неколку ситуации имаше двоцифрена предност, а последен пат водеа со 70:60 пред крајот на третата четвртина. Сепак Реал беше решен да ја заврши оваа четвртфинална серија, па следуваше низа од 15:3 за гостите и Кралскиот клуб поведе со 75:73.
Фаворитот потоа водеше и со 88:80, Басконија се обидуваше да се врати во игра и во последната минута намали на 95:97. Сепак, кога се одлучуваше победникот, Реал Мадрид покажа искуство во вакви средби и на крајот стигна до посакуваната победа.
Во вториот меч кој се играше денеска, Фенербахче со 89:78 го победи Монако и турскиот тим поведе со 2:1 во оваа четвртфинална серија.