Борусија Дортмунд со 1:0 славеше над Пари Сен Жермен во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони. Германскиот тим ја оствари зацртаната мисија, а тоа е да има предност пред реваншот на гостински терен во Париз.
Не само што победи, Борусија покажа како треба да се бранат екипите кога играат против ПСЖ. Францускиот тим е со еден од најопасните напади, но на „Сигнал Идуна Парк“ остана немоќен и не постигна ниту еден гол.
Никлас Филкруг беше стрелец на единствениот гол погодувајќи го 36 минута.
ПСЖ најопасен беше во првите 15-тина минути од второто полувреме. Во тие моменти и среќата беше на страната на Борусија Дортмунд, затоа што гостите два пати ја погодија и рамката на голот.
За Светците ова е десетти пат сезонава во ЛШ да погодуваат во дирекот или гредата на противничкиот гол. Само Барселона во сезоната 2011-12 имаше повеќе удари во рамките на противничкиот гол, вкупно 11 пати.
10 – Paris have hit 10 times the woodwork in this UEFA Champions League edition, more than any other team. Only Barcelona (11 in 2011-12) have done more in the same UCL season over the last 20 years. Unlucky. #BVBPSG pic.twitter.com/zdWJXcd3sJ
— OptaJean (@OptaJean) May 1, 2024