Вардар го победи Алкалоид со 24:21 (12:11) во дербито на 12 коло на ракометната Супер лига. Со овој триумф, вардарци стигнаа до 33 бодови и сега повторно е на два бода заостанување од лидерот Еурофарм Пелистер. За разлика од Вардар, Алкалоид по овој пораз и дефинитивно останува без шанси за трофејот во првенството.
Домаќинот во „Јане Сандански“ ја оправда фаворитската улога, иако Алкалоид добро започна и во воведните 10-тина минути гостите водеа со два разлика (5:3), а потоа и со 6:5, што се покажа и како последно водство на гостите.
Вардар прв пат поведе со два разлика (10:8), а потоа речиси постојано имаше предност од еден до два гола. По израметите 16.16, Вардар прв пат направи низа до три гола за 19:16, но веднаш возвратија и гостите со 3:0 за 19:19.
Сепак, во завршницата ракометарите на Вардар беа посмирени и стигнаа до значајна победа.
Голманот Томовски имаше осум одбрани, а Јапонецот Јасукира со осум погодоци од кои пет од пенал беше најефикасен во победничкиот тим.