Лутон сезонава двапати го победи Евертон, Ланс се враќа на победничките патеки

1002 Лутон – Евертон (21.00 часот)

Евертон си го обезбеди опстанокот во Премиер лигата иако беше казнет со одземање на осум бода, додека Лутон во последните три кола го очекува тешка борба за опстанок. Лутон е 18-ти на табелата, со само еден бод помалку до Нотингам форест кој е на позиција која му гарантира дека и следната сезона ќе игра во Премиер лигата.

Иако е во серија од три порази во низа, Лутон нема друг избор и мора да оди на победа против Евертон кој може порекласирано да ги игра последните три натпревари во сезоната. Сезонава двапати играа меѓу себе и во двата меча славеше Лутон со идентичен резултат 2:1.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (2.03)

 

1901 А. Лустенау – А. Виена (19.30 часот)

Ова е натпревар од австриската Бундеслига во групата за опстанок и тоа меѓу две Австрии. Австрија Виена е во најдобра позиција, додека Австрија Лустенау е на последната со само девет освоени бодови од 29 натпревари и следната сезона ќе игра во втората лига. Фавортиската улога ја има Австрија Виена која има шанса да игра и во европските купови и поради тоа за очекување е да има голови на овој меч. Австрија Виена има гол-разлика 33:27, додека Австрија Лустенау просечно прима по два гола на натпревар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

1801 Хофенхајм – РБ Лајпциг (20.30 часот)

Ред Бул Лајпциг веќе го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите следната сезона, додека Хофенхајм е само на еден бод од позиција која води во квалификациите за пласман во Лигата на конференции. РБ Лајпциг победи на последните четири меча и притоа постигна 13 гола, додека Хофенхајм славеше на последните два натпревари кои ги одигра на својата „Презеро арена“ и вечерва победата им е императив да за ги задржат шансите да играат во европските купови.

Предлог тип: 1Х & ГГ (3.00)

 

1702 Ланс – Лориен (21.00 часот)

Ланс се наоѓата на шестото место на табелата во Лига 1, тоа е позиција која носи во европските купови, додека Лориен е претпоследен на табелата. Конкуренти на Ланс за шестото место се два поранешни шампиони, Олимпик Марсеј и Олимпик Лион кои на три кола до крајот на сезоната имаат по 44 бода, два помалку од Ланс.

Ланс на последните шест меча доживеа дури четири порази, минатиот викенд загуби од Олимпик Марсеј, и вечерва мора да се врати на победничките патеки ако сака да ја задржи пол-позицијата за шестото место на табелата. Минатата сезона, Ланс пред своите гледачи славеше со убедливи 5:2

Предлог тип: Т1 1+ I & Т1 2+ (2.10)

 

1630 Алмере – Херенвен (20.00 часот)

Ова е натпревар од 32-то коло од Ередивизијата. Херенвен на три кола до крајот само теоретски може да се замеша во разигрувањето за пласман во европските купови бидејќи има шест бода помалку од Го Ахед иглс, додека Алмере го обезбеди опстанокот. Херенвен во последниот меч загуби на домашен терен со неверојатни 0:8 од шампионот ПСВ Ајндховен, додека Алмере загуби на последните два меча примајќи шест гола. Годинава веќе одиграа еден натпревар меѓу себе и тоа на подготовките пред пролетниот дел од сезоната кој го доби Алмере со 4:2, а со оглед на тоа дека немаат резултатски притисок, и вечерва може да одиграат ефикасен натпревар.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.01)

- Оглас -

Најнови вести