Во чест на капитенот Аријан Адеми, и македонското знаме се најде во соблекувалната на Динамо Загреб при прославата на големиот успех и пласман на популарните „модри“ во осминафиналето во Лигата на Европа.
Соблекувалната по мечот беше накитена со знамиња на сите земји од каде што потекнуваат играчите на Динамо, а меѓу нив гордо се вееше и македонскиот симбол благодарение на капитенот Аријан Адеми.
Во Динамо играле многу македонски играчи, на Аријан зимаво му се приклучи и талентираниот играч на Вардар, Антовски, па можеби и тој во иднина ќе има можност во негова чест да има сличен начин на прослава на европски успех.
Динамо по цели 50 години презими во Европа и патем успеа да го елиминира и П’лзењ, па остана во битка за вредниот пехар во Лигата на Европа. Следен предизвик за „модрите“ е тимот на Бенфика.
Адеми синоќа на „Максимир“ го играше 57-миот меч за Динамо и е рекордер по бројот на мечеви во Европа кај загрепчани.