Монако извојува голем триумф во Истанбул против Фенербахче од 65-62, изедначи на 2-2 во победи и се избори за мајсторка на домашен терен, на која ќе се решава кој од овие два тима ќе игра на фајнал-форот на Евролигата во Берлин.
Финишот на мечот во Истанбул беше драматичен, Скот Вилбекин од Фенер не реализираше напад на седум секунди до крајот при 62-63, а потоа Донта Хол беше фаулиран и со прецизно изведени слободни фрлања ја замолкна публиката во Истанбул.
Ова е утката на Вилбекин која го најави поразот на Фенербахче:
https://twitter.com/i/status/1786481101730357579