Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ќе го одиграат реванш полуфиналето од АБА-2 лигата против Спартак Суботица на гости. На нашиот шампион не само што му е потребна победа на гостувањето на северот од Србија, туку ќе мора и да ја надополни негативата од пет поени од првиот натпревар во Скопје, кога Спартак победи со 73-78.
Квотите во Sport Life велат дека српскиот претставник е голем фаворит на денешниот натпревар со квота од 1.22, но затоа квотата за победа на МЗТ Скопје е фантастична, дури 4.50.
МЗТ и Спартак имаат одиграно само два меѓусебни натпревари и двата се од оваа сезона во АБА-2 лигата, а екипата од Србија двапати излегуваше како поуспешна. Освен поразот на првиот натпревар од полуфиналето, МЗТ Скопје загуби и во регуларниот дел од сезоната со идентични пет поени разлика, 86-81.