Победата на Реал Мадрид против Кадиз од 3-0, го донесе Кралскиот клуб на чекор од освојување на 36-тата титула во шпанската лига. Реал уште вечерва ќе ја прослави новата титула, доколку Барселона не победи на гостувањето кај Жирона во каталонското дерби.
Иако во мислите на Реал е реваншот со Баерн Минхен, тимот на Карло Анчелоти сакаше да победи и да ги израдува своите навивачи.
Брахим Дијаз со велемајсторски гол ја отвори голеадата и го најави триумфот.
https://twitter.com/i/status/1786779874079678871
Важен момент за Реал е враќањето на Тибо Куртоа кој во август ги скина лигаментите на коленото и немаше брането повеќе од осум месеци. Тој денеска не прими гол, а при резултат 0-0 имаше една феноменална одбрана со која потсети зошто е број 1 кај Реал без разлика на добрата форма на Андриј Лунин.
Thibaut Courtois is back 🧱 #RealMadridCádiz pic.twitter.com/jADhnHrM8Q
— UTDxScotty👹 (@UTDxDNA) May 4, 2024