Најголемата навивачка група во Македонија, „Комити“, уште еднаш покажа дека ги чува традиционалните вредности. Навивачите на Вардар веќе традициоанлно неколку години по ред, на спектакуларен начин го најавуваат доаѓањето на Христовото воскресение, односно празникот Велигден.
Така беше и оваа година. Точно на полноќ, Драчево засјае. Илјадници факели и други пиротехнички средства го осветлија овој дел од Скопје, кој од неодамна го краси и големиот крст.