Раскина најпознатиот тениски пар, Бадоса објави дека се разделила со Циципас

Шпанската тенисерка Паула Бадоса на Инстаграм потврди дека ја раскинала својата љубовна врска со грчкиот колега Стефанос Циципас.

Беа заедно од почетокот на летото минатата година, почнаа да играат заедно на турнири во мешани двојки, а на Инстаграм имаа дури и еден заеднички профил, кој сега е избришан.

Веста за раскинување е изненадувачка, до пред некој ден објавуваа заеднички фотографии како на улиците на Мадрид разменуваат нежности.

 

Тенисерката објасни дека раскинувањето настанало со заеднички договор и дека остануваат во пријателски односи.

„После големо размислување и многу драгоцени моменти заедно, решивме пријателски да ги разделиме нашите патишта. Споделивме пат полн со љубов и учење и сега, како пријатели со голема почит, решивме да продолжиме секој сам по својот пат“, напиша Бадоса.

- Оглас -

Најнови вести