Уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњес пред две години дојде во редовите на Ливерпул и тоа како еден од најскапите засилувања во Премиер лигата. Гигантот од „Енфилд роуд“ плати 85 милиони евра на Бенфика за да го доведе голгетерот во своите редови.
Сепак, две сезони подоцна, се погласни се шпекулациите дека Нуњес ќе го напушти Ливерпул. Уругваецот едноставно не се снајде како што се очекуваше и се поретко е во стартниот тим. Гласините дека може да си замине од Ливерпул дополнително се подгреаа откако фудбалерот реши да ги избрише сите објави кои ги имаше на Инстаграм, а се поврзани со Ливерпул.
Кај Нуњес уште стојат фотографиите од времето кога играше за Бенфика или кога е дел од репрезентацијата на Уругвај, но затоа не може да се најде ниту една објава поврзана со Ливерпул.
🚨Darwin Nunez has removed all of his Liverpool photos from this season from his Instagram 🤯 pic.twitter.com/fLjTtLIxj0
— Anything Liverpool (@AnythingLFC_) May 5, 2024