Нерешениот резултат 0-0 помеѓу Коњаспор и Фенербахче го израдува Галатасарај, бидејќи сега разликата помеѓу истанбулските ривали кои се борат за титулата е шест бодови, а останаа само уште три кола во турската Суперлига.
Фенербахче имаше неколку шанси, но напаѓачите предводени од Един Џеко, не погодија. Коњаспор во 90-та минута даде гол, стадионот се тресеше од радоста на фановите, но набрзо дојде студен туш, откако во ВАР собата го потврдија тоа што беше очигледно, дека погодокот е од офсајд позиција.
Коњаспор се бори за опстанок, има само два бода пред 17-тиот Газијантеп, а 17-тото место води во втора лига.