Хорор повреда во Холандија, судијата мораше да го прекине мечот (видео)

Фудбалерот на Венло, Џеролд Промес, во мечот против Хераклес заработи страшна повреда по само 12 минути игра. Промес неколку минути лежеше на тревата неможејќи да се помести, па главниот арбитар привремено мораше да го прекине мечот и да ги тргне фудбалерите од теренот, за да може возилото на брзата помош да интервенира.

Средбата продолжи после некое време, а по паузата резултатот и натаму е 0-0.

https://twitter.com/alexs87/status/1099027910504181762?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1099027910504181762&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FHolandija%2Fa267997-Stravicna-povreda-sudija-prekinuo-mec.html

Триесетгодишниот фудбалер ја заработи повредата по обид да ја шутне топката, немаше контакт со противничкиот играч, а најверојатно го повреди коленото.

„Прашање е дали ќе може после ваква повреда да продолжи со фудбалските активности“, пренесуваат холандските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести