По Реал Мадрид сега и Панатинаикос се пласираше на кошаркарскиот Фајнлфор (Видео)

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа на фајнлфор турнирот во кошаркарската Евролига. Во решавачкиот меч кој се играше во Атина, Панатинаикос го победи Макаби Тел Авив со 81:72 и тоа беше доволно за 3:2 во победи.

Макаби долго време одолеваше на домашните напади и гостите во најголем дел од првите три четвртини имаше предност, но тоа водство не беше повеќе од 5-6 разлика. Тимот од Тел Авив водеше со 56:54 пред крајот на третата четвртина, а потоа ПАО со низа од 10:0 стигна до предност од 64:56, а потоа прв пат поведоа и со двоцифрена предност од 68:58, па до крајот не дозволија да има драматична завршница.

Кендрик Нун со 26 поени, четири асистенции и пет скока беше најдобар во победничкиот тим, а одличен беше и Костас Слукас со 15 поени и шест асистенции. Кај Макаби најдобар беше Лоренцо Браун со 19 поени, седум асистенции и четири скока, додека Џош Небо додаде 14 поени и седум скока.

По победата, навивачите на Панатинаикос втрчаа на теренот покажувајќи колку им значеше оваа победа.

https://twitter.com/i/status/1787942108910780657

Со оваа победа Панатинаикос на фајнлфорот се приклучи на Реал Мадрид, додека останатите два патници во завршницата ќе бидат познато по мајсторките на дуелите меѓу Монако – Фенербахче и Барселона – Олимпијакос.

Завршницата во Евролигата по трет пат ќе биде во Берлин, град кој беше домаќин и во 2009 и 2016 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести