Мурињо откри која понуда ја одбил два пати и најави дека третиот пат сигурно ќе ја прифати

Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без работа откако доби отказ во Рома. Додека е со повеќе слободно време, Мурињо често е гостин на разни спортски емисии, па така на едно гостување доби прашање за тоа дали некогаш сака да биде селектор и која репрезентација тоа би било.

„Мислам дека би било нормално да бидам селектор на Португалија. Два пати имав шанса да седнам на таа селекторска клупа, но понудите не доаѓаа во вистинско време. Одлучив да останам во Рим, емоциите преовладаа и мислам дека згрешив. Португалија е многу силна селекција, една од најдобрите во светот“, рече Мурињо, кој потоа додаде зошто вториот пат ја одбил понудата.

„Се чувствував одлично во Рома. Градот и навивачите беа одлични. Затоа не сакав да ја прифатам понудата од Португалија. Ако добијам трета шанса да ја тренирам мојата земја, сигурно ќе ја искористам“, додаде Мурињо.

За нешто повеќе од еден месец Португалија ќе игра на Европското првенство, а предвоник им е Шпанецот Роберто Мартинез кој ја превзема селекторската палка во јануари 2023 година, наследувајќи го Фернандо Сантош.

- Оглас -

Најнови вести