Роналдо е лут, ако не му донесат засилувања ќе си оди од Јувентус?

Јувентус загуби со 0:2 од Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони и направи голем чекор назад, во обидот да стигне до титулата од елитното натпреварување на УЕФА. На италијанскиот првак не му помогна ниту тоа што во тимот оваа сезона го имаат Кристијано Роналдо.

Португалецот делуваше немоќно на гостувањето во Мадрид. Сега, Јувентус на свој терен ќе се обиде да направи нешто што никогаш претходно не му успеало. Да анулира негатива од 0:2 по прв меч.

Роналдо сезонава даде 21 гол, а има и 12 асистенции во 33 меча за „старата дама“, но очигледно дека ќе му биде потребна и помош. Според шпекулациите, Роналдо полека започнал да се меша во трансфер политиката на клубот.Тој побарал во Торино да бидат доведени Марсело и Варан со кои беше соиграч во Реал Мадрид.

Дури се најавува дека ако Јувентус испадне од Лигата на шампиони од Атлетико, а засилувања не бидат донесени за следната сезона, може да се случи, Роналдо по само една година помината во Торино, да го напушти Јувентус. Засега ова се е на база на шпекулации, а Јувентус уште не е отпишан ниту од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести