Реал Мадрид им се врати на победите во Евролигата по поразот во дербито против ЦСКА Москва (82:78), па на домашен терен го растури Баерн Минхен со конечни 91:78. „Кралевите“ на тој начин остварија двоен позитивен резултат против баварскиот тим, откако славеше и во првата пресметка која се одигра во декември минатата година.
Гостите беа рамноправен противник на европскиот првак само во првата четвртина, кога имаа и минимална предност од +3, но кошаркарите на Пабло Ласо брзо ја презедоа контролата на мечот и без многу проблеми рутински ја добија средбата.
Серио Љуљ го предводеше Реал со 15 поени и седум асистенции, по 13 поени постигнаа Рендолф, Дек и Керол, додека кај поразените најрасложен беше Бартел со 14 поени.
Претходно, Фенербахче го доби турскиот дуел против Дарушафака со 97:75, Жалгирис ја совлада екипата на Будуќност со 84:76, додека Панатинаикос беше подобар од Химки при конечни 94:85.