Уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњес е на излезна врата од „Енфилд роуд“ и сосема е извесно дека летово ќе го напушти Ливерпул, но само со соодветно обесштетување. Тој има активен договор со важност до 2028 година, но проблемите на релација фудбалер – клуб веројатно ќе бидат клучни за неговото заминување. Нуњес пред неколку дена од социјалните мрежи ги избриша сите фотографии на кои е во дресот на Ливерпул и тоа беше јасен знак за неговото заминување.
Дарвин Нунњес пред две сезони беше платен 75 милиони евра и од Бенфика се пресели во Ливерпул, но Црвените сега не сакаат да слушнат да го продадат за помалку од 82 милиони евра, додека неговата вредност според „Трансфермаркет“ изнесува 70 милиони евра.
Проблемите настанаа кога фудбалерот беше во посета кај својот сонародник, Роналд Араухо, во Барселона, па токму затоа и сè погласни се шпекулациите дека токму Каталонија ќе биде неговата следна дестинација. Сепак, цената која ја постави Ливерпул е голем прблем за Барселона, која е во финансиска криза, но како што велат од менаџерскиот тим на Уругваецот, во моментов приоритет за Нуњес е настапот за репрезентацијата на Копа Америка, па дури потоа ќе размислува за трансфер.