Мац би бил горд: Фемили грмеа, а МЗТ победи во негова чест и ќе игра финале (Фото)

МЗТ Скопје Аеродром го совлада ТФТ со 72-58, и со вкупно 3-0 во победи се пласираше во финалето на кошаркарскиот плејоф во македонското првенство, каде ќе се сретне со Пелистер или Работнички.

Пред почетокот на мечот, имаше едноминутен молк, па аплауз, во спомен на Марјан Михајловски-Мац, човек кој беше еден од најверните навивачи на МЗТ, а и вработен во клубот од Аеродром.

Навивачите на МЗТ го скандираа неговото име, истакнаа и транспарент со порака „Почивај во мир мајоре“. Мац со децении им правеше друштво на овие момци на трибините, и заедно со нив делеше и радости и тага.

 

- Оглас -

Најнови вести