Интер Мајами губеше со 2:0, а на крајот победи, но сите зборуваат за пораката која Меси ја упати додека траеше мечот (Видео)

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој начин ја задржа првата позиција во источната конференција. Мечот не започна како што посакуваше тимот на Интер Мајами, па Монтреал со погодоците во 22 и 32 минута стигна до предност од 2:0.

Тоа како да беше знак дека гостите предводени од Лионел Меси и Луис Суарес треба да се разудат, па до крајот на првиот дел успеаа да израмнат. Најпрво Рохас намали на 1:2 во 44 минута, а потоа и Суарес беше прецизен за 2:2 во 45+3 минута.

На почетокот на второто полувреме, Интер Мајами направи целосен пресврт и поведе со 3:2, а интересно е дека Меси за прв пат по долго време не учествуваше директно во постигнување на ниту еден од погодоците.

Иако го нема во листата на стрелци или асистенти на гол, Меси повторно се најде во фокусот на вниманието и тоа поради едно бизарно правило кое постои во САД. Во МЛС постои правило кое вели дека ако на фудбалерот му биде укажана лекарска помош на теренот, ќе мора да излезе надвор и потоа две минути ќе мора да чека пред да може повторно да влезе во игра.

Токму тоа му се случи на Меси кој мораше да излезе од теренот и покрај аут линијата да чека две минути. Аргентинецот во еден момент се сврте кон телевизиската камера и кратко прокоментира „Со вакви правила нема да одиме никаде“.

Едноставно Меси не можеше да поверува дека мора да чека да поминат две минути за повторно да влезе во теренот, што е еден вид на казна за играчот кој побарал лекарска помош.

https://twitter.com/i/status/1789453246299287860

https://twitter.com/i/status/1789453246299287860

- Оглас -

Најнови вести