Ветено-сторено: Анчелоти на прославата на титулата со пура и очила! (Фото)

Реал Мадрид денеска го прими шампионскиот пехар за освоената 36-та титула во Шпанија, по што следуваше традиционалната прослава, која уште е во тек.

Откако го зедоа пехарот, Кралевите заминаа во градското собрание, беа примени од градоначалникот на Мадрид, кој инаку е фан на Атлетико. Таму пехарот им беше покажан на навивачите, а дел од фудбалерите им се обратија на присутните.

Следуваше традиционалната прошетка со отворен двокатен автобус до плоштадот Сибелес каде огромен број навивачи ги пречекаа. Тука фудбалерите веќе беа во поопуштена верзија, со дресови и маици наместо костими.

Тренерот Карло Анчелоти повторно прославуваше со своите играчи, држејќи пура во устата и со очила за сонце како пред две години кога излезе легендарната фотографија.

- Оглас -

Најнови вести