Искусниот судија Славко Винчиќ од Словенија ја доби довербата да биде главен делител на правдата на финалето од Лигата на шампионите. Во борба за највредниот клупски трофеј во Европа, на 1 јуни во стадионот „Вембли“ во Лондон ќе играат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
За Винчиќ, кој има 44 години, ова ќе биде круна на интернационалната кариера која ја започна во 2010 година. Тој го има судено и финалето во Лигата на Европа во 2021 година меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс во Севилја, а сезонава беше главен дури на седум средби во Лигата на шампионите. Еднаш ѝ судеше и на Борусија Дортмунд, и тоа против Атлетико Мадрид во четвртфиналето од ЛШ.
Словенечкиот арбитер беше дел и од последното Европско првенство, што значи дека се работи за искусен и докажан судија.