Македонија успеа да се пласира на ракометното Светско првенство во 2025 година, на наша голема радост, но на голема жалост на навивачите на Фарските Острови, кои околу 100-тина беа присутни во Скопје. Сепак, и покрај поразот и елиминацијата, тие знаат да ги ценат ракометните величини.
По натпреварот, на „удар“ беа селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, и најефикасниот играч со осум голови, Жарко Пешевски, кои се фотографираа со гостинските навивачи.
Дека Фараните не се само студени Скандинавци, покажаа и синоќа во Скопје, кога се дружеа и се фотографираа и со македонските навивачи.
Ракометарите на Фарските Острови и нивната јавност уште пред натпреварот најавуваа дека ќе играат пред едни од најдобрите ракометни навивачи во светот, а тоа се покажа и синоќа во Скопје.