Далас не го искористи домашниот терен и загуби од Оклахома со 96:100, па сега серијата е израмнета на 2:2 во победи. Лука Дончиќ имаше трипл-дабл со 18 поени, 12 скока и 10 асистенции, но и очаен шут од поле погодувајќи само шест од 20 шута. Шутерски не беше расположен ниту Кајри Ирвинг, кој постигна само девет поени со шут од поле 4/11.
Дончиќ промаши и едно од двете слободни фрлања на 10 секунди до крајот, кога можеше да израмни на 96:96, па Оклахома го искористи тој подарок и победи. Шеј Гилџус-Александер со 34 поени, осум скока и пет асистенции беше најдобар во победничкиот тим.
Бостон дојде на чекор од пласман во конференциското финале откако поведе со 3:1 во пресметката со Кливленд. Најдобриот тим на Истокот по вторпат славеше на гостински терен, овојпат со 109:102.
Џејсон Татум со 33 поени, 11 скока и пет асистенции беше предводник на победничката екипа, додека кај Кливленд најпрецизен беше Дариус Гарланд со 30 поени.