Французите ја исправаат неправдата: Левандовски ќе ја добие заслужената награда?!

Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува информација дека ќе ја исправи неправдата која му беше нанесена на Роберт Левандовски во 2020 година, кога „Франс фудбал“ одлучи дека нема да ја додели Златната топка поради корона-вирусот, а сосема извесно беше дека таа ќе му припаднеше на тогашниот фудбалер на Баерн Минхен.

Роберт Левандовски таа сезона со Баерн Минхен ги освои Лигата на шампионите, првенството и Купот на Германија. Полскиот интернационалец имаше блескави бројки таа сезона. Во Лигата на шампионите постигна 15 гола на 10 меча, додека во Бундеслигата на 31 натпревар, погоди 34-пати.

„Ова не е вообичаена година, така подобро е да се откажеме од доделувањето, отколку да ја доделиме на начин кој подоцна ќе биде оспоруван“, изјавија тогаш од „Франс фудбал“.

Сепак, наскоро се очекува Левандовски да ја добие заслужената награда и да се вброи во одбраното друштво на освојувачи на Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести