Официјално: Оливие Жиру е нов член на Лос Анџелес!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру потпиша договор со Лос Анџелес ФК со важност до 2025 година, со опција за продолжување и до 2026 година.

Жиру, кој има играно за Монпеље, Арсенал, Челзи и Милан, летово ќе се пресели во Лос Анџелес и има постигнато речиси 300 гола. Жиру е и најдобар стрелец на сите времиња во француската репрезентација.

Заедно со новиот соиграч од ЛА ФК, Уго Љорис, Жиру со селекцијата на Франција го освои Светското првенство во 2018 година, Лигата на нации во 2021 година, а исто така стигна до финалето на Европското првенство во 2016 и Светското првенство во 2022 година.

„Задоволен сум и возбуден што ќе се приклучам на Лос Анџелес. Едвај чекам да стигнам во Лос Анџелес и да играм пред неверојатните фанови“, изјави 37-годишниот Жиру.

- Оглас -

Најнови вести