1106 Брајтон – Челзи (20:45)
Фудбалерите на Челзи уште се надеваат на излез во фудбалска Европа, додека Брајтон е во златната средина и не може да испадне, а ниту да се пласира во Европа. Четири од петте меѓусебни натпревари на овие две екипи завршуваат најмалку со три гола, што значи дека дуелите на Брајтон и Челзи се ефикасни, а така се очекува да биде и вечерва.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.74)
1304 Рајо Ваљекано – Гранада (19:30)
Рајо Ваљекано со победа над Гранада треба и теоретски да си го обезбеди опстанокот во шпанската Ла Лига бидејќи во спротивно може да се најде во незавидна ситуација. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски руши рекорди и веќе има 13 натпревари без примен гол оваа сезона во првенството, а Рајо Ваљекано на четири од последните пет натпревари нема примено гол од Гранада.
Предлог тип: : 1 Сигурна (2.14)
1388 Хетафе – Атлетико М. (22:00)
На фудбалерите на Атлетико Мадрид потребен им е барем бод од гостувањето кај Хетафе за и теоретски да ја задржат четвртата позиција на табелата и да се пласираат во Лигата на шампионите. Јорганџиите се во одлична форма и победија на последните три натпревари, а меѓусебните дуели на Хетафе и Атлетико секогаш се ефикасни. На последните пет меѓусебни дуели се постигнувани помеѓу два и седум гола.
Предлог тип: : Х2 & 1+ прво (1.81)
1702 Ница – ПСЖ (21:00)
ПСЖ и официјално е старо-нов шампион на Франција и нема резултатски императив на гостувањето кај Ница, чиишто фудбалери сè уште се надеваат на пласман во Лигата на шампионите. Во Ница се очекува ефикасен фудбал и голови во двете мрежи, а ПСЖ својата ја нема сочувано на последните седум меча во сите натпреварувања, односно последен пат не примија гол на трети април против Рен на домашен терен.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.82)
1243 Абердин – Ливингстон (20:45)
Абердин и Бојан Миовски вечерва на домашен терен играат натпревар без резултатско значење против Ливингстон во групата за испаѓање на првенството на Шкотска. Домашните се убедливо први со обезбеден опстанок, а гостите се веќе отпаднати, што е убава можност да продолжи голгетерската низа на нашиот Миовски.
Предлог тип: 3+ (1.70)