Иако уште не е официјално објавено, Фудбалскиот сојуз на Србија и селекторот Драган Стојковиќ се договориле за продолжување на соработката до крајот на Мундијалот во 2026 година, а потписот ќе дојде за некој ден.
Ова значи дека што и да направат Србите на претстојното Европско првенство во Германија во јуни и јули, популарниот Пикси ќе остане на кормилото барем уште две години.
Досега Стојковиќ има биланс од 21 победа, 9 порази и 7 нерешени резултати. Тој е првиот што ја однел репрезентацијата на Србија под ова име и на Светско и на Европско првенство.