Човекот кој го измисли судискиот спреј бара 37 милиони евра од ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе мора да му исплати парична отштета на Хајне Алемањ. Тоа е човекот кој во 2000 година го измисли спрејот кој сега се користи на фудбалските терени низ целиот свет за обележување на местата на кои е направен фаул и на која позиција треба да застанат фудбалерите од „живиот ѕид“.

Хајне неколку години водеше правна битка и го доби спорот со ФИФА, која сега ќе треба да исплати голем сума пари. Човекот кој го измисли овој спреј во својата тужба бараше 37 милиони евра отштета, но не е јавно обелоденето колку пари ќе добие.

„Ја победив ФИФА во секој поглед. Ова беше приказна меѓу Давид и Голијат. ФИФА е џин, но по 23-годишна битка успеав да победам“, задоволно коментирал Алемањ.

- Оглас -

Најнови вести