Второлигаш го освои Купот на Романија и ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа!

Прекрасна фудбалска приказна беше напишана синоќа во Романија, второлигашот Корвинул Хунедоара го освои својот прв трофеј во 103-годишната историја на клубот со победата на пенали против Оцелул во финалето на Купот на оваа земја!

По 120 минути игра беше 2-2, а во пенал-рулетот подобар беше второлигашот, кој не реализира два, а прволигашот три удари од белата точка.

Клубот кој во 1982 година беше трет во Романија, а од 1992 година нема играно во првата лига, со освојувањето на Купот си обезбеди излез на европска сцена и ќе игра во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа!

Корвинул заврши трети во плејофот на втората лига, но доби забрана за играње бараж за влез во Суперлигата на Романија бидејќи според тамошните правила, во елитата смее да играат само приватни клубови.

Корвинул е финансиран од општина Хунедоара, па тие ќе продолжат да играат второлигашки фудбал следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести