Младата бразилска фудбалска ѕвезда, Ендрик, можеби го одигра својот последен натпревар во дресот на Палмеирас.
Тој на меч од Копа Либертадорес се здоби со мускулна повреда (сомнежите се дека има скинат мускул), а уште не се знае точната тежина на повредата, но веројатно му претстои пауза најмалку од две-три недели.
Ендрик за малку повеќе од еден месец (првиот меч на Бразилците им е на 24-ти јуни) треба да игра за бразилската репрезентација на Копа Америка, а летово, откако во јули ќе наполни 18 години, ќе му се приклучи на Реал Мадрид, па повредата ги загрижи и Кариоките и Кралскиот клуб.