Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од денеска до недела ќе биде местото на ракометниот спектакл, завршницата од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Денешната програма стартува со женското полуфинале помеѓу Куманово и Ѓорче Петров од 17 часот, додека од 19.30 се игра машкото полуфинале, во кое силите ќе си ги одмерат ГРК Тиквеш 2014 и Еурофарм Пелистер.
Ѓорчепетровки и битолчанки се фаворити на хартија, овие два тима одат по двојна круна. Пелистерци во 2005 година за последен пат го освоија Купот и се свесни дека трофејот нема сам да им дојде, фаворитската улога ќе мора да се оправда на терен.
Утре се играат другите полуфинални средби, ЖРК Вардар – Чаир во женска и Алкалоид – Вардар 1961 во машка конкуренција.
Женското финале е в недела од 16, а машкото финале исто така в недела, од 19 часот.
Од сите мечеви ќе има преноси на МРТ.