Екипата на Јувентус синоќа ја совлада Аталанта со 1-0 во финалето на Купот на Италија, но се чини дека тоа е последното финале, воедно и последниот трофеј на Масимилијано Алегри на клупата на Старата дама. Експертот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, тврди дека Јувентус и Алегри налето ќе се разделат, а веќе е познат и фаворитот за негов наследник.
„Јувентус и Алегри ќе се разделат и тој веќе нема да биде тренер на Јувентус од следната сезона. Таков е планот уште од претходно. Јувентус се одлучи да го смени Алегри и прв кандидат е тренерот на Болоња, Тијаго Мота“, вели Фабрицио Романо.
Масимилијано Алегри во два мандати беше тренер на Јувентус, од 2014 до 2019 и од 2021. Во овој период тој со Старата дама освои 12 трофеи.