Женскиот ракометен Куп на Македонија ќе има нов освојувач откако актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров, го детронизира минатогодишниот освојувач на купот, Куманово, со убедливи 31-14.
Куманово минатата сезона изненадувачки стигна до трофејот откако во финалето го совлада Вардар, но сега немаше сили да се надигрува против актуелниот шампион, Ѓорче Петров.
„Лавиците“ од Ѓорче во текот на целиот натпревар имаа контрола над играта и над резултатот, а водството од минута во минута се зголемуваше. Резултатот на полувремето беше 11-5 за Ѓорче Петров.
Во второто полуфинале, кое на програмата е утре, ќе се сретнат екипите на Вардар и Чаир, а вечерва треба да се одигра уште првото полуфинале во машка конкуренција, во кое ќе се сретнат екипите на Тиквеш и Еурофарм Пелистер.