Веќе сè погласно се зборува дека натпреварите од најквалитетните европски лиги ќе се играат во странство, пред сè во САД и Саудиска Арабија. Премиер лигата и Ла Лига веќе гласно размислуваат за такво нешто, иако навивачите се спротивставуваат на ваквата идеја. Досега и ФИФА ги блокираше ваквите планови бидејќи нивните правила не дозволуваат првенствени натпревари да се играат во странство.
Сепак, Светската куќа на фудбалот сега формира специјална комисија која треба да го разгледува ова прашање и која треба да ги земе предвид сите можни ситуации кои може да произлезат.
Главната цел на организирањето на натпревари во странство е маркетингот и финансиите кои ќе ги добијат фудбалските сојузи и екипите.