Селекторот на репрезентацијата на Германија, Јулијан Нагелсман, го објави списокот со повикани фудбалери за настап на Европското првенство летово, а изненадувачки, на него се најде и голманот на Штутгарт, Александер Нубел.
И тој самиот е изненаден од повикот, иако имаше одлична сезона со екипата на Штутгарт, па за медиумите изјави дека веќе го имал испланирано летниот одмор.
„Веќе го испланирав одморот, но со задоволство ќе го откажам. Сакав да одам во Танзанија на сафари, но тоа ќе го оставам за следната година“, рече голманот Нубел.
Освен Нубел, голмани во репрезентацијата на Германија ќе бидат и Мануел Нојер од Баерн Минхен, како и Марк-Андре тер Штеген од Барселона. Нубел во Штутгарт настапува како позајмен од Баерн Минхен.