Екипата на Минесота се избори за мајсторка во серијата против Денвер откако израмни на 3:3 во полуфиналето на западната конференција. Триумфот на Минесота е историски, а резултатот на крајот беше 115:70.
Поразот од 45 поени разлика е највисок во историјата на плејоф дуелите за еден тим кој е актуелен бранител на трофејот како што тоа е Денвер. Минесота до оваа историска победа стигна благодарение на две неверојатни сериии.
Првата се случи во воведната четвртина кога домаќините имаа низа од 20:0, додека во последната четвртина кога на теренот беа резервните состави на двете екипи, Минесота направи нова фантастилна серија, овојпат од 24:0. Најголемата предност што Минесота ја имаше во текот на овој дуел против Денвер изнесуваше 50 поени.
Ентони Едвардс со 27 поени беше предводникот на Минесота во оваа историска победа, додека на спротивната страна Никола Јокиќ беше сопрен на 22 поени и девет скока, бројки кои се под просекот на МВП играчот за оваа сезона во НБА.
Решавачкиот седми меч во оваа серија ќе се игра во Денвер во недела.