Светска фудбалска куќа, ФИФА, на конгресот кој во моментов се одржува во главниот град на Тајланд, Бангкок, во склоп на борбата против дискриминација донесе правило со кое фудбалерите ќе може да му сигнализираат на судијата дека има расистички навреди кон нив.
Фудбалерите кои ќе бидат цел на навреди на расна основа ќе треба да ги вкрстат рацете во воздух, односно да го покажат знакон „Х“ кон судијата за да пријават расизам кон нив.
Неколку натпревари ширум Европа во изминатиот период беа прекинати поради насилство и расизам, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика на обединување во борбата против расната дискриминација и насилството на фудбалските терени.