Официјално: Јувентус го отпушти тренерот Алегри!

Најтрофејниот италијански фудбалски клуб, Јувентус, соопшти дека го разрешил Масимилијано Алегри од функцијата главен тренер.

„Ослободувањето следи по одредени однесувања за време и по финалето на Купот на Италија за кои клубот сметаше дека не се компатибилни со вредностите на Јувентус и однесувањето што треба да го имаат оние кои го претставуваат.

Клубот му посакува на Алегри многу среќа во иднина“, порачаа од Јуве.

Стручњакот беше под договор до јуни 2025 година, но доби отказ откако ситуацијата ескалираше по лудоријата на Алегри за време и по победата во финалето на Купот на Италија над Аталанта во средата.

Тренерот најпрво беше исклучен поради бутно негодување за една судиска одлука, а потоа ги соблече палтото, вратоврската, викајќи додека заминуваше кон трибина по црвениот картон. Како капак, за време на прославата на трофејот, беше фатен на камера како му кажува на директорот Кристијано Џунтоли „да си оди“ и да не слави со тимот.

Пред прес-конференцијата, Алегри имал расправија и со уредникот на „Тутоспорт“.

Ова беше втор престој на Алегри на клупата на Јувентус по оној во 2014-2019 година, враќајќи се во летото 2021 година. Интересно е дека и во 2019 година кога се разделија со него, тоа беше официјално објавено исто како денеска, на 17-ти мај.

Во тие осум сезони, тој освои пет титули во Серија А, четири Купа на Италија и два трофеи во Суперкупот на Италија.

До крајот на сезонава, тимот ќе го води Паоло Монтеро, а Јуве работи на ангажирање на Тијаго Мота за предводник за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести