Ги надмина Агуеро и Марадона, во Аргентина заигра 14-годишно момче!

Фудбалерот од средниот ред на Депортиво Риестра, Матео Аполонио, постави рекорд, станувајќи најмладиот дебитант во историјата на аргентинскиот фудбал.

Аполонио на возраст од 14 години и 29 дена, влезе како замена во 85-та минута од осминафиналето на аргентинскиот куп против Њуелс Олд Бојс.

Така, Матео го собори аргентинскиот рекорд на напаѓачот Серхио Агуеро, чие деби во дресот на Индепендиенте беше на 15 години и 33 дена. Пред Агуеро, рекордер беше Диего Марадона, кој дебитираше за главниот тим на Аргентинос Јуниорс на 10 дена пред неговиот 16-ти роденден.

Младиот Аполонио за тие неколку минути колку што беше на терен, не ја допре топката, но влезе во историјата и неговото деби го привлече вниманието на светската спортска јавност.

https://twitter.com/i/status/1791397338654572748

- Оглас -

Најнови вести