Каква „чест“ за Алегри, стана трети тренер на Јуве во последните 50 години кој бил избркан среде сезона

За Масимилијано Алегри уште од јануари се шпекулираше дека ќе си замине од клупата на Јувентус, но ретко кој очекуваше дека отказот ќе дојде пред да заврши сезоната.

Најтрофејниот италијански клуб, многу ретко брка тренер среде сезона, Алегри е само третиот во последните 50 години кој не го дочекал крајот на сезоната како тренер. Пред него, иста судбина имале само уште Клаудио Раниери и Чиро Ферара.

За разлика од Раниери и Ферара, Алегри успеа да го освои Купот на Италија во сезоната во која добил отказ и го однел тимот во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести