Македонските одбојкари поразени на стартот на Европската Златна лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација, загуби дома од Естонија со 1-3 во првото коло сезонава од Европската Златна лига. На дуелот во салата „Парк“ во Струмица, резултатот по сетови беше 25-23, 14-25, 25-19, 25-22.

Тимот на селекторот Хари Наковски имаше шанси да извлече поповолен резултат, но Спартанците губеа клучни поени во тесните сетови, па поправен ќе треба да се бара задутре против Чешка, истотака во Струмица.

- Оглас -

Најнови вести