Кошаркарите на Индијана со 116:103 славеа над Њујорк никс и израмнија на 3:3 во победи од плејофот во НБА лигата. По овој триумф на Индијана, да се дознае патникот во конференциското финале ќе мора да се игра мајсторка и тоа на теренот на Њујорк.
Во Индијана знаеја дека ова е меч кој мора да го добијат и одиграа одлично, а клучно за победата беше добрата игра во финишот на втората четвртина кога од нерешено 46:46, домаќините стигнаа до предност од 61:49.
Во третата четвртина разликата на Њујорк дојде и до 18 поени (86:68) и гостите од Њујорк едноставно се предадоа, знаејќи дека пласманот во конференциското финале ќе мора да го обезбедат на свој терен во мајсторката која ќе се игра во недела.
Паскал Сиаким со 25 поени и седум скокови беше предводник на Индијана, а одличен беше и Мајлс Тарнер со 17 поени и осум скокови. Првата ѕвезда на Њујорк, Џален Брунсон даде 31 поени, но имаше лош шут од поле, погодувајќи 11 од 26 шута (промаши 11 шута во првото полувреме).